Сè уште трае потрагата по малолетникот во водите на Преспанското Езеро
МВР денеска соопшти дека од надлежните служби се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.
Во Полициска станица Ресен вчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското Езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.
МВР денеска соопшти дека од надлежните служби се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.