Сè уште не е познато кој од Владата ќе оди во изолација по контакт со Спасовски
До овој момент немаме информација од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, колку и дали некој од контактите на министерот Спасовски добиле решение за домашна изолација - рече Арсовски.
Новиот портпарол на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција одговори на новинарското прашање, дали и кои членови на Владата ќе одат во самоизолација, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на ковид-19.è
– До овој момент немаме информација од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, колку и дали некој од контактите на министерот Спасовски добиле решение за домашна изолација. Во текот на денот со сигурност ќе информираме доколку добиеме таква информација – рече Арсовски.