СЕ УРНА ВОЕН АВИОН ВО ИТАЛИЈА Британски пилот загина, вториот е повреден (ВИДЕО)
Локалните медиуми во Италија јавија дека несреќата се случила за време на пробен лет. Авионот се запалил и паднал во ненаселено место, додека пилотите во меѓувреме се катапултирале, но еден од нив загинал.
Воен авион се урна денеска на северот на Италија, при што загина еден од двајцата пилоти, кој беше британски државјанин, соопшти италијанскиот авијациски гигант Леонардо.
– Се случи воздушна несреќа во која учествуваше авион М-346, кој се урна на северот на земјата – соопштија од компанијата, додавајќи дека засега не се познати причините за несреќата.
Од Леонардо велат дека еден од пилотите, британски државјанин, загинал, додека другиот пилот, Италијанец, е повреден и пренесен во болница.