Се урна висококатница во Мајами, под урнатините се слушаат повици за помош ВИДЕО

На снимките се гледа дека улицата е полна со урнатини и остатоци од делумно срушената зграда која има 12 ката.

909

Синоќа во Мајами се урна облакодер, а на местото на несреќата се наоѓаат 80 противпожарни единици, соопшти на Твитер Пожарната служба на Мајами.

Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека се слушаат повици за помош под урнатините.






На снимките се гледа дека улицата е полна со урнатини и остатоци од делумно срушената зграда која има 12 ката.

Еден сведок раскажал дека видел како спасуваат луѓе од тераса. На местото на урнатата зграда е и полицијата, која им помага на пожарникарите и на Итната помош.

 

Поврзани содржини