СЕ УРНА ВИСЕЧКИ МОСТ ВО ИНДИЈА, НАЈМАЛКУ 60 ЗАГИНАТИ  Мостот бил реновиран и пуштен во употреба пред четири дена (Вознемирувачко видео)

Спасувачите сè уште се на терен во потрага по преживеани. Повеќето од луѓето на мостот биле тинејџери, жени и постари луѓе.

462

Најмалку 60 луѓе загинаа, а голем број се повредени кога се урна мост во река во западната индиска држава Гуџарат. Властите соопштија дека стотици луѓе паднале во реката.

Мост од 19 век се урна во реката Мачу во округот Морби. Мостот беше затворен поради реновирање речиси шест месеци, а повторно беше отворен пред само четири дена.






Засега нема информации колку луѓе имало на мостот што е позната туристичка атракција. Потврдено е дека загинале 60 лица, а 17 се хоспитализирани.

Спасувачите сè уште се на терен во потрага по преживеани. Повеќето од луѓето на мостот биле тинејџери, жени и постари луѓе.

 

 

 

Поврзани содржини