СЕ УРНА РУСКИ БОМБАРДЕР НА КАВКАЗ Загина целиот екипаж

Првична оценка е дека причина за падот на авионот е технички дефект.

696

Руски бомбардер СУ-34 се урна на Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија руските власти.

„Во Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион СУ-34 на руските сили се урна за време на планираниот тренинг лет. Авионот се урна во напуштена област. Загина екипажот, се додава во соопштението“, соопшти руското Министерство за одбрана.






Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.

Сухој СУ-34 е руски суперсоничен ловец-бомбардер со среден дострел од советско потекло.

 

Поврзани содржини