🎥 СЕ УРНА КАТ ОД ЗГРАДА ЗА ВРЕМЕ НА ЗАБАВА ВО ПАРИЗ Петтиот кат падна врз четвртиот, 20 повредени

Пожарникарите ги извлекоа сите повредени од урнатините, а службите за итни случаи пренесоа 16 лица во болница.

1

Петтиот кат од станбена зграда во Париз се урна врз четвртиот кат, во моментот кога околу 50 лица беа собрани на забава во станот чија плоча попушти. Во несреќата се повредени 20 лица, соопшти противпожарната бригада на француската престолнина.






Едно лице е тешко повредено и имаше срцев удар, а 19 лица се со полесни повреди.

Пожарникарите ги извлекоа сите повредени од урнатините, а службите за итни случаи пренесоа 16 лица во болница.

Пожарникарите беа известени во 20 минути по полноќ дека петтиот кат од шесткатна зграда се урна врз четвртиот кат. Потоа, зградата, заедно со две соседни згради, беше евакуирана. Станарите на двете соседни згради се вратија во своите станови во текот на ноќта.

Париското обвинителство отвори истрага за причините за несреќата.

Поврзани содржини