Се урива дивоградба под Кале

951

Секторот за инспекциски работи продолжува со отстранувањето на незаконски поставени и изградени објекти на територија на Општина Центар.

– Денес со придружба на механизација се отстранува градба на улица „Лазар Личеноски“ бб во Општина Центар, објект кој се наоѓа веднаш под Калето. Инвеститорот на објектот не постапил по претходното издаденото решение за самостојно отстранување на објектот и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење и член 24 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, општината пристапи кон присилно отстранување – велат од Општина Центар.






Објектот кој денес се отстранува е објект од втора категорија, Б4 – деловен простор, изграден од армирано бетонска конструкција и блок тули, бил претходно делумно рушен со присилно административно извршување по решение на градежен инспектор.

 

 

Поврзани содржини