СЕ УПОКОИ ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ Имал проблеми со срцето, починал во болница

Владиката Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето. Тој долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт на синодската седница.

1,213

Се упокои митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

Како што дознаваме од извори во црквата, тој починал денеска во болница.






Владиката Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето. Тој долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт на синодската седница.

Роден е во 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско, со световно име Славе Јовановски.

За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година.

Поврзани содржини