Се укинува градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово, затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид

Тој уште еднаш ги повтори мерките што Владата вчера ги донесе, но додаде и дека утре ќе се одлучува за начинот на движење за време на претстојниот викенд.

838

Донесовме одлука целосно да се укине меѓуградскиот превоз во Куманово, а ќе се укине и градскиот превоз во овој град, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Во кумановската болница вчера се работеше интензивно и се правеа интервјуа и се анализираа контактите со починатата пациентка. Има дијагностицирани 5 позитивни лица на коронавирус, од коишто тројца се здравствени рабнотни. Детално е анализирано и семејството на починатата пациентка. На денешната владина седница донесовме дополнителни одлуки што се однесува на Куманово, Прво, ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз кој сообраќа од и кон овој град. Ќе се укине и градскиот превоз, а се дава препорака да се затворат сите продавници во полуотворените трговски центри. Исто така, донесовме одлука за која се задолжи Институтот за јавно здравје поинтензивно да работат во Куманово и околу Куманово. Сметам дека со овие мерки имаме голема шанса да го спречиме ширењето на вирусот – рече Филипче.






Тој уште еднаш ги повтори мерките што Владата вчера ги донесе, но додаде и дека утре ќе се одлучува за начинот на движење за време на претстојниот викенд.

– Во однос на вчерашните мерки коишто ги донесе Владата на вчерашната седница, забраната за движење за сите граѓани е од 21 до 5 часот. На лицата над 67 години им е дозволено движење од 5 до 11 часот, а за младите од 12 до 21 часот. Во текот на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за начинот на движење за време на викендот – истакна Филипче.

Ако пациентите имаат симптоми кои укажуваат на коронавирусоит, додаде тој, тогаш може да се јават на телефон кај матичниот лекар, а алгоритамот ќе покаже дали треба да се интервенира и да се земе материјал за тестирање.

– Без претходно закажување не може да се оди во пунктовите – рече Филипче.

Тој претходно соопшти дека во изминатите 24 часа во земјава има нови 12 заболени, вкупно 148 лица.

– Седум пациенти се од Скопје и пет од Куманово. Вкупната бројка во моментов изнесува 148 заразени лица, од кои едно е излекувано и две се починати – истакна министерот.

Исто така, Филипче соопшти дека е затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид поради тоа што, како што рече, имало контакт на позитивен пациент со здравстениот персонал во болницата.

Поврзани содржини