„КОГА ДОЗНАВ ДЕКА ГО ОТКАЖАЛЕ БЕСЕЊЕТО НА 800 ЛУЃЕ…“ Трамп нема да го нападне Иран

Вчера планираа да обесат 800 луѓе, и имам голема почит што го откажаа тоа, изјави шефот на САД нагласувајќи дека хуманитарниот момент бил клучен во неговата одлука.

465

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се откажал од планот за воена акција против Иран, откако дознал дека Техеран нема да ги погуби уапсените демонстранти. Според изворите на Си-Ен-Ен, Трамп нагласил дека „никој не го убедил“ во тоа, туку дека сам донел таква одлука.

– Никој не ме убеди, јас се убедив себеси – рече Трамп, додавајќи дека оваа вест го натерала да размисли за последиците од воената интервенција.






Изворите на „Блумберг“ наведуваат дека претседателот претходно разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој побарал одложување на акцијата за да му се даде на Израел време за подготовка во случај на иранска одмазда.

Според израелски претставници, САД сè уште го задржуваат планот за напад врз безбедносни цели во Иран, иако операцијата моментално е замрзната. Американските функционери предупредуваат дека интервенцијата и понатаму останува „на маса“ доколку Иран продолжи со насилства врз демонстрантите.

– Вчера планираа да обесат 800 луѓе, и имам голема почит што го откажаа тоа – изјави Трамп, нагласувајќи дека хуманитарниот момент бил клучен во неговата одлука.

Израелската влада, сепак, е загрижена дека Иран ќе ја искористи паузата за да го намали притисокот од меѓународната заедница и да го зајакне својот политички фронт.

Поврзани содржини