СЕ ТРЕСЕШЕ БОСНА КАЈ ЗЕНИЦА Земјотресот од 4,6 степени бил силно почувствуван

520

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина утринава нешто пред 9 часот. Како што јавува ЕМСЦ, епицентарот бил северно од Зеница на длабочина од два километри.

Земјотресот беше силно почувствуван и во Травник и останатата околина на Зеница во радиус од 50 километри, а како што изјавија граѓаните, тлото многу се затресло, но тресењето траело кратко. На мапата на ЕМСЦ даден е и поширок радиус на можно влијание на земјотресот од 300 километри.

 






Поврзани содржини