СЕ ТРАГА ПО НИКОЛЧЕ НИКОЛОВСКИ Момчето последен пат е видено на 13 мај

Луѓе наши ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне. Излезе од дома околу 15:00 часот на 13 мај, последно е виден кај бензиската пумпа Макpетрол – кај Транскоп, движејќи се со Форд Фиеста со регистрација BТ 852, апелираат неговите пријатели.

2,118

Исчезна младиот Николче Николовски, а неговите пријатели и роднини бараат помош од сограѓаните.

„Луѓе наши ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне. Излезе од дома околу 15:00 часот на 13 мај, последно е виден кај бензиската пумпа Макpетрол – кај Транскоп, движејќи се со Форд Фиеста со регистрација BТ 852. Ве молиме ако некој видел или види нешто, што и да е, исконтактирајте, раширете, јавете се во било кое време 070360520“, алармираат неговите пријатели на социјалните мрежи.






Поврзани содржини