СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТОТО МОМЧЕ ВО ВАРДАР Нуркачи и полицијата пребаруваат во реката

Момчето исчезна вчера попладне во водите на Вардар.

458

Полицијата и припадници на специјална нуркачка единица на МВР и понатаму го бараат момчето кое вчера исчезнало во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, потврди утрово за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Дека по момчето се трага  во и околу Вардар кај неготинско Пепелиште, вчера попладне потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.






– Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно. Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи. Екипа на нашата брза помош веднаш отиде на местото и ќе остане таму и понатаму – рече Филипова.

Поврзани содржини