(ВИДЕО) СЕ ТРАГА ПО ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ОД СТРУМИЧКО Последен пат се видени во „Веро Џамбо“

2,868

Две девојчиња од Струмичко на возраст од 12 и 14 години, денеска околу 16 часот во СВР Скопје се пријавени за исчезнати.

„Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките“, информира МВР.






Вечерва на социјални мрежи се споделува снимка од надзорна камера на која, како што се наведува, се гледаат девојчињата А. Ј. (12) и Р. И. (14) од струмичкото село Петралинци, со информација дека во 15.50 часот последен пат се видени во „Веро Џамбо“ и дека најверојатно се упатиле кон центарот на Скопје.

Според информации на социјалните мрежи, девојчињата со своите врсници биле на еднодневна екскурзија и го посетиле Саемот на книга во Скопје.

Поврзани содржини