СЕ ТЕСТИРА ВАКЦИНА КОЈА ЌЕ ШТИТИ ПОДОЛГО ОД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ Ќе ја користат постарите и имуноранливите пациенти

Самата вакцина содржи копии од различни антигени добиени од протеините на САРС-КоВ-2, вклучувајќи го и озлогласениот шилест протеин. Ова ја издвојува од другите вакцини. На пример, Фајзер и Модерна содржат копии на вирусна mRNA, додека Џонсон и Џонсон содржи изменета верзија на вирусот.

772

Нов играч влезе во играта со вакцини против короновирусот. Таканаречената „CoVac-1“ е вакцина дизајнирана да понуди долготраен имунитет, а го помина првото тестирање на луѓе, пишува ИФЛ Наука. Нејзиниот имунолошки одговор кој трае најмалку три месеци и го надминува оној на другите вакцини, дури и на природниот имунитет против вирусот.

Новата вакцина со само една доза, предизвикала создавање на имунолошки клетки, познати како Т-клетки, кај 100 проценти од учесниците 28 дена по вакцинацијата. Таа е отпорна на сите досегашни соеви алфа, бета, делта или поретката мутација гама. Резултатите од клиничкото испитување во првата фаза се објавени во „Природа денес“.






„CoVac-1 може да послужи како (комплементарна) вакцина за да предизвика имунитет на Т-клетките, особено кај постари и имунокомпромитирани индивидуи со нарушена способност да формираат доволно имунолошки одговори по вакцинацијата против SARS-CoV-2 со моментално одобрените вакцини“, вела авторите во студијата.

фото: pixabay.com

Тимот ја тестирал вакцината на 36 учесници на возраст меѓу 18 и 80 години кои претходно немале никаква одбрана против вирусот во форма на Т-клетки. Создавањето на Т-клекти кај учесниците било мерено и потвредено по седум, 14, 28 и 56 дена, со конечна проценка на границата од три месеци.

Самата вакцина содржи копии од различни антигени добиени од протеините на САРС-КоВ-2, вклучувајќи го и озлогласениот шилест протеин. Ова ја издвојува од другите вакцини. На пример, Фајзер и Модерна содржат копии на вирусна mRNA, додека Џонсон и Џонсон содржи изменета верзија на вирусот.

Дали „CoVac-1“ целосно ќе ги замени овие вакцини останува да видиме. Засега, вакцината е на втората фаза од тестирањата. Ја тестираат кај луѓе со дефицит на Б-клетки и антитела.

Поврзани содржини