СЕ СТЕСНУВА КРУГОТ НА ПУТИН, ИЗЛЕГУВА „СИВИОТ КАРДИНАЛ“ Козак беше меѓу првите кои го предупредиле да не војува

„Радио Слободна Европа“ пишува дека Козак бил еден од ретките функционери кои во првите денови на инвазијата предупредувале дека целосната војна против Украина ќе има тешки последици. Наводно тој предложил и план за мирен компромис, но Путин не го прифатил.

799

Долгогодишниот соработник на Владимир Путин и човекот кој со децении беше дел од најтесниот круг на Кремљ, Дмитриј Николаевич Козак, веќе не е во претседателската администрација. Со едноставна уредба, претседателот го разреши неговиот заменик-раководител, а официјалното образложение гласи – „по сопствена иницијатива“, јави Ројтерс.

Козак важеше за „сив кардинал“ во руската политика. „Москва Тајмс“ потсетува дека неговата моќ видливо опаѓаше уште од 2022 година, кога најголем дел од клучните надлежности за Украина и анектираните територии преминаа во рацете на Сергеј Кириенко. Тоа беше јасен сигнал дека позицијата на Козак е разнишана.






„Радио Слободна Европа“ пишува дека Козак бил еден од ретките функционери кои во првите денови на инвазијата предупредувале дека целосната војна против Украина ќе има тешки последици. Наводно тој предложил и план за мирен компромис, но Путин не го прифатил.

Според „РБЦ“, сега Козак размислува за премин во приватниот сектор. Иако официјални детали нема, се наведува дека неговиот последен работен ден во администрацијата ќе биде 19 септември.

Аналитичарите гледаат во овој потег дел од поширока реорганизација во Кремљ, со која Путин ги зајакнува фигурите што целосно ја поддржуваат војната.

„Со заминувањето на Козак се затвора едно поглавје на умерени предупредувања во највисоките коридори на моќ“, коментира „Москва Тајмс“.

 

Поврзани содржини