🎥 СЕ СВРТЕ КОН КАМЕРАТА И ИМ СЕ ОБРАТИ НА ГЛЕДАЧИТЕ ДИРЕКТНО ВО ОЧИ Урнебесна реакција на Џенифер Лоренс откако ја изгуби наградата на Златните глобуси
Оскаровката Џенифер Лоренс на доделувањето на наградите Златен глобус во неделата беше во изборот за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за улогата во комедијата „No Hard Feelings“.
Оскаровката Џенифер Лоренс на доделувањето на наградите Златен глобус во неделата беше во изборот за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за улогата во комедијата „No Hard Feelings“.
Кога дојде времето прогласување на победниците во нејзината категорија, Џенифер ги насмеа гледачите на доделувањето на наградите со реченицата која ја изговорила директно во камера.
„Ако не победам, си заминувам од тука“, се пошегувала Џенифер.
we don’t deserve jennifer lawrence pic.twitter.com/iHi5bDAKlq
— chase. (@cfree94) January 8, 2024
Наградата сепак не ја доби Џенифер (победи нејзината пријателка Ема Стоун), но симпатичната Лоренс не си замина туку продолжила да се забавува како што тоа таа најдобро го знае.
Снимката од моментот на доделувањето на наградата на социјалните мрежи веднаш почнало да се споделува и насмеа многубројни обожаватели.
Џенифер уште еднаш покажа дека има неверојатна смисла за хумор.