📷 СЕ СВРШИ ЅВЕЗДАТА НА „КАКО ЈА ЗАПОЗНАВ ТВОЈАТА МАЈКА“ Раскина осумгодишни врска, па утеха најде во неа

Актерот Џејсон Сигел се сврши со својата девојка Кајла Радомски.

688

Актерот Џејсон Сигел се сврши со својата девојка Кајла Радомски.

Џејсон, ѕвезда на серијата „Како ја запознав твојата мајка“ и Катја, поранешна натпреварувачка во „Значи, мислиш дека можеш да танцуваш“ се свршија во бајковито опкружување на библиотеката Хантингтон во Пасадена. Кајла објави пет фотографии од запросувањето на Инстаграм, а покрај нив напиша: „Засекогаш ДА“, со емотикони во форма на дијаманти и срца. Подоцна, таа додаде во своите инстаграм-приказни дека тоа бил „најубавиот ден во нејзиниот живот“.






На фотографиите може да се види 45-годишниот Џејсон како клекнува пред статуата во градината, опкружен со розови и црвени цвеќиња, додека ливчињата ја покриваат земјата под нив. Кајла (34) изгледала шокирано и воодушевено додека го гледала парстенот на својата рака.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kayla Radomski (@kaylaradomski4)


Оваа среќна вест доаѓа нешто повеќе од една година, откако Џејсон ја заврши својата осумгодишна врска со уметницата Алексис Микстер. Тој првпат беше поврзан со Кајла, која инаку е актерка и продуцентка, во октомври 2023 година, а тие официјално се појавија како пар на црвениот тепих на Златните глобуси во јануари 2024 година, кога Џејсон беше номиниран за неговата улога во серијата „Смалување“.

По тој излегување, Кајла му посвети трогателна објава на Инстаграм.

„Неизмерно сум горда на тебе! Каков сон. Ти си еден од највредните и најзаслужните луѓе што ги познавам. Мојот номиниран за Златен глобус! Ми се допаѓа што цел ден те славевме тебе и твојот талент! Те сакам толку многу, душо!“, напиша таа.

 

Поврзани содржини