Два мотоцикли се судриле денеска во сообраќајката кај кавадаречко Фариш, на патот Кавадарци-Плетвар.
Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев рече дека станува збор за два мотора. Било пријавено дека е случена сообраќајна незгода помеѓу возач на мотоцикл „сузуки“ со бугарски регистарски ознаки управуван од 33-годишен скопјанец и возач на мотоцикл „БМВ“ со скопска регистрација, управуван од скопјанец на возраст од 47 години.
Моторџиите не се повредени.