СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера, а е пријавена во 12.16 часот во СВР Битола.

143

Возач на трактор е тешко повреден откако се судри со камион во битолското село Новаци.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера, а е пријавена во 12.16 часот во СВР Битола.






„Во с.Новаци, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, Битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.

Поврзани содржини