Се судрија комбајн и камион во близина на Радовиш

Возачот на комбајнот е повреден.

470

Од 19.45  часот вечерва во прекин е сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комбајн.

Несреќата се случила во близина на Радовиш, кај селото Тополница, а според првичните информации од СВР Струмица нема загинати,  а повреден е возачот на комбајнот.






Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекува собраќајот да продолжи да се одвива по алтернативни патишта.

Поврзани содржини