📽 СЕ СУДРИЈА ДВА ВОЗА, ПОВРЕДЕНИ 17 ПАТНИЦИ Железничка несреќа на северот на Италија

За среќа, повредените беа добро и никој не претрпе сериозни последици. Ударот беше релативно слаб - коментира градоначалникот на Фаенца, Масимо Исола.

320

17 лица се повредени откако два воза се судрија во неделата вечерта на железничката линија Болоња-Римини, во Фанека, областа Равена, пренесува „Corriere della Sera“.

Железничката несреќа се случила вечерва во 20:20 часот, а возовите се судриле со мала брзина. Засега не е позната причината за судирот, а на местото на несреќата интервенирале возила на итната помош и пожарникари.






Според фотографиите од местото на настанот, возовите не излетале од шините, оштетени им се предните делови.

– За среќа, повредените беа добро и никој не претрпе сериозни последици. Ударот беше релативно слаб – коментира градоначалникот на Фаенца, Масимо Исола.

 

Едно лице е пренесено во болница, додека на останатите 16 им била укажана лекарска помош на местото на настанот. Машиновозачите не се повредени.

Во тек е истрага, по што треба да се знаат повеќе детали.

 

Поврзани содржини