СЕ СУДРИЈА ДВАЈЦА ВЕЛОСИПЕДИСТИ НА ПАРТИЗАНСКА Едниот е тешко повреден
По несреќата, двајцата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди“, пишува во полицискиот билтен.
Во судир на велосипедска патека на скопскиот булевар „Партизански одреди“ што се случил вчера вечерта повредени се двајца велосипедисти, едниот од Битола, а другиот од Богданци, соопшти полицијата.
„Вчеравечер вo 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека од булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеда, управувани од 32-годишниот П.В. од Битола и 39-годишниот К.П.И. од Богданци. По несреќата, двајцата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди“, пишува во полицискиот билтен.