СЕ СУДРИЈА ДАНСКИ И БРИТАНСКИ БРОД Во тек е спасувачка акција

Шведската поморска управа моментално нема информација за загинати или повредени лица на бродовите.

319

Два товарни брода се судрија во Балтичкото Море меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, јавија денеска шведските медиуми, повикувајќи се на шведската поморска управа.

Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот е британски, објави шведската телевизија СВТ на својата веб-страница.






– Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се случи. На данскиот брод имаше најмалку две лица – изјави портпаролот на Шведската поморска управа Јонас Францен.

Во тек е голема спасувачка операција, јави СВТ.

Едниот брод бил долг 90 метри, а другиот 55 метри.

Поврзани содржини