СЕ СУДРИЈА БРОДОВИ ВО ИСТАНБУЛ Товарен удрил во контејнерски брод во пристаништето Ахаркапи
Има значителни штети на двата пловни објекти, но за среќа нема жртви или повредени, а нема ни загадување во областа на ударот, соопштени Управата за крајбрежна безбедност во Истанбул.
Товарен брод утринава удри во друг брод натоварен со транспортни контејнери во пристаништето Ахаркапи во Истанбул, јавија турските медиуми.
Ударот се случил додека товарниот брод долг 138 метри го фрлал сидрото во пристаништето. Тој притоа удрил во контејнерски брод долг 147 метри кој бил закотвен пред ударот.
-Има значителни штети на двата пловни објекти, но за среќа нема жртви или повредени, а нема ни загадување во областа на ударот, се вели во соопштението на Управата за крајбрежна безбедност при Министерството за транспорт и инфраструктура.