СЕ СТРЕСЕ ТЛОТО КАЈ КРИТ Земјотресот бил со јачина од 5,2 степени

Пред два дена земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Евиja.

202

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи денеска недалеку од грчкиот остров Крит.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 25 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.






Како што јавија локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван во многу области на Крит.

 

Пред два дена земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Евиja.

Фокусот на земјотресот бил проценет на 15,4 километри, додека епицентарот бил на четири километри југоисточно од Василики Истија.

После тоа, забележани се уште најмалку три земјотреси со јачина од 1,4, 1,7 и 1,8 степени според Рихтеровата скала, пренесува Катимерини.

СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ НА ХАЛКИДИКИ, СЕ СТРАВУВА ОД УШТЕ ПОСИЛЕН Голема загриженост кај жителите и туристите  

Поврзани содржини