Се стопира производството на познатото пиво

Мексиканската влада оваа недела објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот и нареди прекинување на несуштинските производствени активности во земјата.

486

Мексиканската компанија која го прави светски познатото пиво „Корона“ соопшти дека привремено го запира производството.

Мексиканската влада оваа недела објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот и нареди прекинување на несуштинските производствени активности во земјата.






Според вчерашните податоци, 1.510 луѓе се разболеле во Мексико, а 50 од нив починале од инфекцијата.

Најпознатото мексиканско пиво „Корона“ кое се извезува во 180 земји, од недела привремено ќе престане да се произведува.

Поврзани содржини
na