СЕ СТОПИ И ГРЕНЛАНД Дожд паѓа на височина од 2.600 метри
Поројниот дожд невиден досега откако почнале да се вршат мерењата во 1950 година, направил да се стопи седум пати поголема маса на лед од вообичаеното, истражува американскиот Државен центар за снег и мраз (НСИДЦ).
Веројатно е првпат во историјата да заврне дожд наместо снег во Гренланд и тоа на леден врв од 2.600 метри, пишува Си-Ен-Ен. За дождот беше виновна температурата која се искачи над нула степени и тоа по трет пат во последните десет години, па потоа топлиот возух го направи своето.
Поројниот дожд невиден досега откако почнале да се вршат мерењата во 1950 година, направил да се стопи седум пати поголема маса на лед од вообичаеното, истражува американскиот Државен центар за снег и мраз (НСИДЦ).
– Ова што се случува не е само топла деценија или две во необична климатска шема. Ова е без преседан, изјави истражувачот Тед Скамбос за Си-Ен-Ен и објасни дека островот брзо се загрева.
Се проценува дека седум милијарди тони вода наврнале врз ледот во Гренланд минатиот викенд.