Се стокмија надлежностите за Груби – ќе го заменува премиерот

1,306

На денешната владина седница беа прецизирани надлежностите на првиот заменик на премиерот задолжен за координација на политички прашања на ресорите.

Предвидено е, премиерот да го заменува првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи.

„Според дополнувањата,  на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.

Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти претседателот на Владата“, се наведува во соопштението.

 






Се додава дека првиот заменик на премиерот задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата го известуваат премиерот  за извршување и спроведување на работите.

 

Измените и дополнувањата се однесуваат и на подготвувањето и доставувањето на  материјалите за разгледување на седниците на Владата, нивното разгледување и процесот на нивно утврдување.

Поврзани содржини