Се степаа молдавски политичари во емисија во живо (ВИДЕО)
Сергиу Тофилат е поранешен заменик министер за внатрешни работи на Молдавија, а Генадиј Косован е советник за енергетска политика.
Молдавските политичари Сергиу Тофилат и Генадиј Косован беа гости во дебатна телевизиска емисија „Журнал ТВ“, а нивната жестока дискусија пред камерите заврши со вистинска физичка пресметка.
Снимката од емисијата во која беше истурена вода и едниот од политичарите се најде на подот, стана хит на социјалните мрежи.
Генадиј Косован е поранешен заменик министер за внатрешни работи на Молдавија, а Сергиу Тофилат е советник за енергетска политика.
Нивната тепачка сепак заврши добро и со меѓусебно извинување.