СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ ЗАЕВИ Во случајот „Крмзов“ замешани и Царината, УЈП и Централниот регистер – тоа не можело без камшикарот

Семејството Крмзови веројатно имало спрега и со Јавното обвинителство, бидејќи предметите од поранешен сомнеж за криминал на Крмзови најверојатно биле чувани во фиока, дознаваме од извори упатени во предистрагата.

5,593

Над 8 милиони евра од Еуростандард банка се префрлани на сметки во Турција, покажува истрагата на надлежните органи околу случајот „Крмзов“.

Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов за злоупотреба на парите.






Биле подигани пари од Еуростандард банка и биле префрлани на сметки во Турција. Семејството Крмзови веројатно имало спрега и со Јавното обвинителство, бидејќи предметите од поранешен сомнеж за криминал на Крмзови најверојатно биле чувани во фиока. Ако не било така, немало да дојде до милионската штета во Еуростандард банка, коментираат упатените во предистрагата.

Воедно, предистрагата ја вклучува и Царинската управа, каде за еден камион увезена стока се плаќало царина од само 1500 евра, а за истата стока во последниот период, по смената на раководството на Царинската управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови.

Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, директорите на Централен регистар и тогаш на Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал. Затоа, за очекување е предистрагата да ги вклучи и овие лица во случајот.

Сè повеќе луѓе почнуваат да зборуваат и случајот се шири и до компании кои стигаат до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Дијаманти, даночни затајувања, пари во кеш, двојни уплати… Сето ова ги затекна во четвртокот вечерта државните институции по извршениот претрес во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој важи за близок пријател на експремиерот Зоран Заев. Претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство. Од четворица приведени, тројца засега се пуштени, а за еден се издадени мерки за претпазливост.

Плусинфо вчера објави дека случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат добро упатени извори.

Во петокот било влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот  Крмзов.

Како шти објавивме претходно, Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал. Само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ.

Можно е акцијата да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар.

Истрагата открила дека биле регистрирани фирми на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот.

Биле испумпувани пари од поранешната Еуростандард банка на Трифун Костовски и кредитите не биле враќани. Тогаш Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека струмички фирми блиски до семејството Заеви, меѓу кои и фирма на братот на премиерот Зоран Заев, не плаќале кредити во Еуростандард банка и оствариле добивка од близу 13 милиони евра.

Министерот за внатрешни работи Панче Тешковски во врска со акцијата рече дека станува збор за епски криминал.

– Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал, кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија, односно на парите на народот. Првичните информации се дека станува збор за милионски суми кои што се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и на перење пари. Во интерес на целокупната постапка, не би можел да навлегувам во детали, почитувам пресумпција на невиност – изјави Тошковски.

Поврзани содржини