СЕ СТАБИЛИЗИРА ВОДОСТОЈОТ НА РЕКИТЕ СТРУМИЦА И ТРИКАЊА Еве каква е состојбата во другите региони

Во Штипскиот регион ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира и ги одржува патиштата проодни, со апел за внимателно и прилагодено возење. Според ЦУК, во општините Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Демир Хисар не се пријавени штети од врнежите, додека во општина Крушево нивото на реката Црна кај село Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање. На подрачјето на РЦУК Охрид состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети. Зголемен е водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

24

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот за Скопје не се пристигнати пријави за штети предизвикани од врнежите дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи.

Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради дождот, во Штипскиот регион зачестени се одрони и свлечишта на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема опасност од излевање на реките. во општините Крива Паланка и Ранковце нивото на Крива Река е зголемено, но нема излевање и пријавени штети, додека во Општина Кратово нема штети, а зголемените водостоји на Кратовска и Крива Река се во рамки на коритата.






Според ЦУК, во општините Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Демир Хисар не се пријавени штети од врнежите, додека во општина Крушево нивото на реката Црна кај село Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање.

На подрачјето на РЦУК Охрид состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети.

„На подрачјето на РЦУК Тетово состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети. Во општините Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе и Лозово состојбата е стабилна и нема опасност од излевање на реките. Во ридско-планинските делови на општина Кавадарци има нови врнежи од снег. ЈП „Комуналец“ со две возила интервенира на критичните патни правци. На патниот правец Кавадарци – Мушов Гроб – Мајдан има одрони кај месноста Катуниште, каде ЈП „Македонија пат“ врши расчистување. Сите патишта се проодни. Од браната „Мавровица“ продолжува прелевање на вода од 2 см над максималната кота, без опасност од излевање и загрозување на околината“, наведува ЦУК.

Според информациите од Општина Струмица, поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино поплавени се поголеми површини земјоделско земјиште, пластеници, како и дворови на куќи во с. Муртино. Во текот на денот ангажирани се 5 булдожери, 5 камиони со песок и 1 багер за интервенција на критичните локации.

Пријавено е дека надојдените води од реката Тркања кај месноста Шепово однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од село Костурино. Реката Плаваја во село Подареш е со зголемен водостој. Екипи на ЕЛС Радовиш и ЈП „Плаваја“ извршиле санација и состојбата е ставена под контрола, без опасност од излевање.

Во Штипскиот регион ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира и ги одржува патиштата проодни, со апел за внимателно и прилагодено возење.

„Во Штип е пријавен срушен потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов, при што се оштетени две паркирани возила и е блокирана една сообраќајна лента. По завршување на увидот од СВР Штип ќе се пристапи кон расчистување. Водостоите на водотеците се зголемени, но се во рамките на коритата и засега нема опасност од излевање“, информира ЦУК.

Поради последните врнежи во регионот, зголемен е водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

„Регистриран е прилично висок водостој и ќе биде висок во наредните часови, но до крајот на денот треба да се намали. Зголемен водостој има и на река Пчиња и Крива Река. Иако, со зголемени водостој, во моментов состојбата со излевање на водотеците низ земјава е стабилна и така се очекува да продолжи до крајот на денот,“соопштија од Управата.

Претходно, од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ информираа дека навреме ги детектирале и санирале  критичните точки за да спречат излевање на реките од коритата во кумановско. Активности биле реализирани и во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и во селата Јачинце и Клечовце. Формирани се заштитни бедеми, а исчистени се и делови од речните корита во Табановце и Горно Коњаре, на реката Коњарка.

Според податоците од претпријатието, исчистени се повеќе од осум километри речни корита, а механизацијата и во наредниот период ќе биде ангажирана на терен, со цел навремено справување со потенцијалните ризици.

Поврзани содржини