СЕ СТАБИЛИЗИРА СОСТОЈБАТА Денеска има под 900 заболени со ковид-19
Р факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под еден, рече министерот Филипче.
Министерот за здравство Венко Филпче вели дека ситуацијата се стабилизира, Р факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под еден, додавајќи дека бројот на новозаразени денеска ќе биде под 900.
– Бројките се намалуваат и мерките даваат резултати, се надевам дека тој тренд ќе продолжи. Согласно претходното искуство од претходните бранови овој пад на новодијагностицирани да продолжи понатаму – рече Филипче.