Се сруши апликацијата „WhatsApp“
Скоро 15.000 луѓе пријавиле проблем со услугата на веб-страницата „Даун Детектор“.
Илјадници корисници на апликацијата „WhatsApp“ ширум светот објавија дека апликацијата престанала да работи, објави „Independent“.
Скоро 15.000 луѓе пријавиле проблем со услугата на веб-страницата „Даун Детектор“.
Како што пријавиле корисниците, проблемот бил со самото поврзување со апликацијата кога се работи за испраќање и примање пораки, а само два проценти од корисниците успеале да се приклучат.