СЕ СРАМИМЕ ВО СТРАЗБУР ОД ОНИЕ КОИ ГО КОНТАМИНИРААТ СУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО Судијката што го водела „Тенк“ денес гази врз пензионерите
Премиерот Мицкоски рече дека судијата што го водел судскиот случај „Тенк“, денес ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите.
Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада, коментира премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за писмото од Стразбур за судскиот процес против Гордана Јанкулоска во процесот „Тенк“.
Премиерот Мицкоски рече дека судијата што го водел судскиот случај „Тенк“, денес ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите.
– Видете кој го водеше овој случај „Тенк“ и видете каде се наоѓа тој судија денес. И не престанува тој судија денес да ги атакува пензионерите за линеарното зголемување на пензиите, сака тоа право да им го одземе, а од друга страна бараат двојно, тројно поголеми пати. А гледате какви пресуди политички октроирани носат. За жал. За жал мораме да се срамиме и да црвенееме пред Стразбур, поради ваквите малкумина судии кои за жал го контаминираат нашето судство и малкумина обвинители кои за жал го контаминираат нашето обвинителство – рече Мицкоски.
Тој посочи дека во правосудството се потребни суштински реформи, а не зголемување на плата за која како што рече и така е драстично поголема од просечната плата во државата.
– Јас уште еднаш ќе кажам, реформи во делот на судството и обвинителството се апсолутно потреби, но суштински реформи, а не зголемување на платите на овие судии кои што не ја заслужуваат ни оваа плата, која што е драматично поголема од просечната плата во државата. Така што, апсолутно да, ја прочитав оваа информација која дојде од Стразбур и само таа е потврда за октроираното судство во кое што за жал поединци внатре се заложници на претходната влада на СДСМ и ДУИ – рече Мицкоски.