СЕ СРАМАМ ШТО ВООПШТО ЈА ЗАПОЗНАВ ДАНЕЛА Мицкоски најави непријатни изненадувања за СДСМ и за скопската градоначалничка

Се чувствувам засрамено што воопшто имав можност во животот да запознаам една таква личност. И таа и СДСМ им должат извинување на скопјани, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

1,170

Се чувствувам засрамено поради тоа што некогаш сум ја запознал градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Понекогаш човек се срами за тоа што го гледа. Се чувствувам засрамено што воопшто имав можност во животот да запознаам една таква личност. И таа и СДСМ им должат извинување на скопјани – најпрво поради навредите кон мене и ВМРО-ДПМНЕ и кон луѓето кои што работеа таа да стане градоначалник – рече Мицкоски при посетата на Општина Илинден.






Тој порача дека вистината секогаш излегува на виделина.

– Допрва ќе бидете подготвени за непријатни изненадувања за нив, а за среќа на скопјани ќе дојде до реализација на еден капитален проект којшто многу значи за главниот град – кажа првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини