СЕ ПРЕТСТАВИЛА КАКО БУГАРКА И НА ТЕТОВЕЦ МУ УКРАЛА 3.000 ЕВРА Го „обработила“ на социјалните мрежи

Верувајќи дека ѝ помага, 67-годишникот ја уплатил бараната сума преку брз трансфер, а потоа обидите да стапи во контакт со жената биле безуспешни.

76

Еден 67-годишен жител на тетовско село останал без 3.000 евра откако бил измамен преку социјалните мрежи од жена која се претставувала како државјанка на Бугарија.

Случајот бил пријавен во СВР Тетово, каде што мажот раскажал дека со жената подолг период комуницирал онлајн. На 20 декември таа му соопштила дека има намера да купи стан во Тетово, но неколку часа подоцна му се јавила вознемирена, тврдејќи дека на граничен премин ѝ биле одземени 10.000 евра.






Набргу потоа, мажот добил телефонски повик од лице кое се претставило како командир на граничен премин. Тој му објаснил дека парите ќе ѝ бидат вратени доколку се плати казна од 3.000 евра.

Верувајќи дека ѝ помага, 67-годишникот ја уплатил бараната сума преку брз трансфер, распределена на три различни агенции, како што му било кажано. По уплатата, обидите да стапи во контакт со жената и со наводниот командир биле безуспешни, по што сфатил дека станува збор за измама.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Поврзани содржини