СЕ СПРЕМА ЛИ НОВА ВОЈНА ВО КАРИБИТЕ Дали САД се борат со нарко-картели или го притискаат режимот на Мадуро?

Претседателот Николас Мадуро изјави дека „ова е уште еден доказ за империјалната ароганција на Вашингтон“ и дека народот на Венецуела нема да се покори на никакви закани.

658

Ненадејно, регионот на јужниот Кариби стана арена на американска воена концентрација. Седум ратни бродови и нуклеарна подморница, во придружба на преку 4.500 морнари и маринци, се приближија кон водите на Венецуела — според официјалниот наратив, со цел борба против организирани криминални групи и нарко‑картели.

Но, аналитичарите и венецуелските власти изразија сомнежи дека воениот распоред има поинаков политички или геостратешки мотив.






Борба против криминалот или дипломатски притисок?

Американскиот претседател Доналд Трамп ја аргументираше акцијата како дел од „централната цел“ на неговата администрација — справување со нарко‑картелите, кои ги смета за терористички структури.

Сепак, бројките говорат нешто друго: главниот миграциски канал за кокаин води преку Пацификот, а не преку Карибите, што ги поттикнува аналитичарите да ја оценат воената концентрација како обид за политичко влијание, не само криминално сузбивање.

Каракас со жесток одговор

Венецуелската влада веднаш реагираше на американското трупање војска во Карибите. Претседателот Николас Мадуро изјави дека „ова е уште еден доказ за империјалната ароганција на Вашингтон“ и дека народот на Венецуела нема да се покори на никакви закани. Тој порача дека државата е подготвена за „секое сценарио“ и ја обвини Америка дека ја користи борбата против дрогата како параван за политички цели.

Апел до меѓународната заедница

Министерството за надворешни работи во Каракас испрати протестна нота до Обединетите нации, барајќи итно заседание на Советот за безбедност. „Сакаме да ја информираме светската јавност дека Венецуела не е извор на нарко-трафикинг, туку жртва на лажни обвинувања со кои САД сакаат да ја оправдаат својата воена експанзија,“ се наведува во соопштението.

Според Каракас, вистинската цел е дестабилизација на земјата и рушење на легитимната власт.

Мадуро најави воена мобилизација

Покрај дипломатските чекори, Мадуро повика на внатрешна мобилизација. Илјадници граѓани се пријавија како волонтери во Боливарската милиција, а армијата демонстративно распоредуваше воена техника во близина на главните пристаништа.

„Венецуела не сака војна, но нема ни да се предаде,“ рече министерот за одбрана Владимир Падрино, нагласувајќи дека земјата ќе одговори на секоја провокација.

Мадуро ги повика граѓаните да станат волонтери во Боливарската милиција, а распоредил и 15.000 војници на границата со Колумбија.

Иако Венецуела со години е поделена помеѓу поддржувачите и противниците на Мадуро, новата ситуација делува како обединувачки фактор. Дури и дел од опозицијата повика на национално единство пред „надворешната закана“. За режимот, оваа криза претставува можност да ја зацврсти својата позиција и да ја прикаже власта како единствен гарант на независноста и суверенитетот на земјата.

Воена демонстрација на сила

Независни аналитичари оценуваат дека трупањето американска војска во Карибите е добро познатата „gunboat diplomacy“ или воена демонстрација на сила, не толку за инвазија, колку за преговарачка предност.

„Премногу е ова големо за да биде само борба против дрога. И премногу мало за целосна инвазија. Но, доволно е големо да направи нешто“, изјави еден аналитичар.

Дали Мадуро е шеф на „Картелот на сонцата“?

Американското Министерство за одбрана ја организира оваа војна група со воена и воздушна поддршка, дозволувајќи му на претседателот и на секретарот за одбрана флексибилност во идните мерки. Од друга страна, секретарот за печат Каролин Левит рече дека акцијата е израз на подготвеноста да се искористат сите елементи на американската моќ за борба против дрогата.

Овие воени потези следат откако САД ветија награда од 50 милиони долари за информации кои же доведат до апсење на Мадуро, кого го обвинуваат дека е лидер на „Картелот на сонцата“ – мрежа на високи венецуелски воени и политички функционери кои наводно се вмешани во шверц на кокаин кон Северна Америка и кон Европа. Името на оваа група произлегува од сонцата на униформите на генералите, а според американските обвинители, токму тие ја користеле државната инфраструктура за прикривање и за транспорт на дрога. Каракас категорично ги негира овие тврдења, оценувајќи ги како политички инструмент за дискредитација на режимот.

Операции „Мартило“ и „Коронет најтхок“

САД имаат долгa традиција на мултинационални и регионални антинаркотички операции — како „Мартило“ (Operation Martillo) и „Коронет најтхок“ (Operation Coronet Nighthawk), кои вклучуваа воздушни и поморски сили за контрола на дрогата во Карибите и Централна Америка. Но, сегашната мобилизација има поголема политичка димензија и мета која надминува чисто сузбивање на криминалот.

Друг елемент е геополитичката динамика — САД сакаат да ја задржат својата доминантна улога во регионот, при тоа држејќи ги надвор влијанието на Кина, Русија и на Иран. Јужната команда (USSOUTHCOM) ја нагласува потребата од доминантна воена присутност како превенција од кризи и државен колапс.

Три можни сценарија за развој на кризата

Што може да се случи, кон што може да води ова ѕвецкање со оружјето?

Едно сценарио е американските сили да останат само како воздушно‑поморски надзор и демонстрација на сила. Друго сценарио предвидува можност од брзи, прецизни воздушни акции или инспекции. Како и да е, експертите сметаат дека нема доволно копнени сили за инвазија. Третата опција е психолошка операција да се поттикне внатрешен отпор во Боливија против Мадуро.

 

Поврзани содржини