СЕ СПРЕЧКАА РОДИТЕЛИТЕ НА УБИЕНИТЕ ДЕЦА СО МАЈКАТА НА КОСТА КЕЦМАНОВИЌ Инцидент по судењето за масакрот во „Рибникар“

Адвокатите на Кецмановиќ први ја напуштиле судницата, а на клупата пред судницата виделе слики од убиените деца наредени од нивните родители.

2,471

Денеска се оддржа второто рочиште од судењето за масакрот во Рибникар, во кој Коста К., на 3 мај уби девет деца и чуварот на училиштето.

По завршување на рочиштето за масакрот, во салата на Вишиот Суд во Белград дошло до помал инцидент меѓу родителите на жртвите и мајката на момчето убиец.






Присутните родителите на убиените деца во раце држеле слики од своите деца.

Адвокатите на Кецмановиќ први ја напуштиле судницата, а на клупата пред судницата виделе слики од убиените деца наредени од нивните родители. Српските медиуми пренесуваат дека  родителите на убиените деца и викале наМиљана Кецмановиќ : „мајка монструм“.

Адвокатот Боривој Боровиќ, кој го застапува семејството Кецмановиќ, родителите на убиените деца го нарекле „злосторник“ и „лажго“.

Поврзани содржини