„СЕ СПАКУВА ВО КУФЕРОТ ШТО Ѝ ГО ПОДАРИВ ПРЕТХОДНИОТ ДЕН И СИ ЗАМИНА“ Џамбазов го потврди крајот на љубовната приказна со Илина 

„Далечината е единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно“, изјави Игор Џамбазов.

2,516

Игор Џамбазов откри дека љубовната врска со Илина е завршена, а како причина ја наведе далечината.

– Далечината е огромен проблем. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.






И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. „Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. „Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ.

Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден – рече Џамбазов во интервју за Слободен печат.

Поврзани содржини