СЕ СОПНАА И НА ЧЕШКА Трет пораз на младинската женска ракометна репрезентација на Европско
Сара Стефаноска со шест голови беше најефикасна во македонската репрезентација.
Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе третиот пораз на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Чешка со 29-24 во рамки на третото коло во групата Д.
Чешките ракометарки во 20. минута имаа предност од четири голови разлика (11-7), кога македонскиот состав влезе во серија од 6-1 и замина на полувреме со водство од 13-12.
Чешка подобри го отвори натпреварот по продолжението и многу брзо ја врати предноста од четири голови (19-15).
Македонските ракометарки успеаја да се приближат на гол негатива (23-22) пред завршните пет минути од дуелот, но немаа сили да го избегнат поразот од Чешка со што завршија последнопласирани во групата Д пред настапот во втората фаза за пласман од 9. до 16 место.
Сара Стефаноска со шест голови беше најефикасна во македонската репрезентација.