📽 СЕ СООЧУВАТЕ СО АКНИ, ФЛЕКИ ИЛИ БРЧКИ НА КОЖАТА? dm и Magnolia Glamour споделуваат корисни совети

Советите на познатата Magnolia Glamour можат да се проследат на каналот на Инстаграм на dm drogerie markt.

229

Негата на чувствителната кожа е како танц – треба да се движите со нежност и внимание. Со правилна нега, вашата кожа ќе блесне и ќе биде среќна, а вашата ,,десна рака“ во создавањето на рутината ќе бидат dm и познатата Magnolia Glamour – Магистер по фармација и специјалист по козметологија и естетика, наведено е во соопштението на dm drogerie markt.

Таа вели дека трите најчести проблеми кои може да се појават на кожата се: акни, флеки или брчки. Прочитајте  кои состојки се погодни за секоја состојба:






Акни: салицилната киселина е решение во 99% од случаите бидејќи таа овозможува длабинско чистење на порите од кои се развиле самите акни.

• Флеки: антиоксиданс како витамин Ц, комбиниран со СПФ е секогаш одлично решение за третман и превенција на флеки.

• Брчки: пептидите се активни компонентни кои може да се употребуваат од страна на сите: тинејџери, бремени жени и доилки. Тие совршено се комбинираат со сите производи и не даваат никаков нус-ефект.

Сите совети погледнете ги во видеото кое е поставено на каналот на Инстаграм на dm drogerie markt:

Негата на чувствителна кожа и кожата која има брчки и флеки не мора да биде комплицирана. Со правилните производи од dm и советите од „Magnolia Glamour“, можете да ја задржите вашата кожа здрава и сјајна. Запомнете, вашата кожа го заслужува само најдоброто!, велат од dm drogerie markt.

Поврзани содржини