СЕ СОКРИ ПОД ТОГАТА НА РЕКТОРОТ Радев жестоко удри по Борисов за претседателската кандидатура на Герџиков

Претседателот на Бугарија Румен Радев в коментар за кандидатурата на ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ рече дека Бојко Борисов пред пет години се криел под здолништето на Цецка Цачева, а сега под ректорската тога.

470

Пред пет години Бојко Борисов се криеше под здолништето на Цецка Цачева, а сега се крие под тогата на ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, ја искоментира денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, номинацијата на ректорот проф. Анастас Герџиков за претседателски кандидат и се уште непотврдената поддршка од ГЕРБ.

Радев ги коментираше вестите за влегување на проф. Герџиков во изборната трка за време на неговата посета на Специјализираната болница за рехабилитација на деца „Света Софија“, која доби донација од добротворната хуманитарна иницијатива „Бугарски Божиќ“ – апарат од најновата генерација на роботика – помошна локомоторна терапија.






Апаратот „Локомат“ нуди повеќе можности за рехабилитација на пациентите, дури и во посериозна состојба, благодарение на модерните технологии за движење, преку повратни информации.

Поврзани содржини