МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО АГЕЛЕР Се разговарало за зајакнување на билатералните односи

1,001

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, како и со заменичката амбасадорка, Никола Варнес.

„Разговаравме за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон европската Унија. Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области“, пишува Мицкоски на фејсбук.

 






 

Поврзани содржини