СЕ СОГЛАСИВ ДА РАЗГОВАРАМ, НО ТРЕБАШЕ ПОРАНО Трамп најавува разговори со новото иранско раководство

Американскиот претседател откри детали за планирани разговори и зборуваше за напредокот на операциите во Иран.

1,165

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото раководство на Иран сака да воспостави контакти со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.

– Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив. Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго – изјави Трамп во интервју за списанието Атлантик.






Трамп не откри детали за тоа кога точно ќе се одржат разговорите.

Претходно, во интервју за Фокс њуз, тој истакна дека во тековните американско-израелски напади врз Иран биле убиени 48 ирански лидери.

– Никој не може да поверува во успехот што го имаме. 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо – нагласи Трамп.

Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој оцени дека американската операција во Иран се одвива „пред предвидениот рок“, без да навлегува во дополнителни детали.

Поврзани содржини