СЕ СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА СИЛЈАНОВСКА Се очекуваат 10.000 потписи за еден ден

320

Граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија се собираат денеска, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.






„Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна. Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден. Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДС. Доаѓаат промени“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини