СЕ СНИМА ТРЕТА СЕЗОНА НА СЕРИЈАТА „СЕНКИ НАД БАЛКАНОТ“ Бјелогрлиќ објави фотографија од сетот (ФОТО)
Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ го најави снимањето на третата сезона на „Сенки над Балканот“, една од најуспешните серии во последните години во Србија и регионот.
Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ го најави снимањето на третата сезона на „Сенки над Балканот“, една од најуспешните серии во последните години во Србија и регионот.
Бјелогрлиќ на својот инстаграм-профил напиша:
„Сенки повторно пристигнуваат на Балканот… #Сенки 3“.
Актерот Драган Бјелогрлиќ објави фотографија од сетот и со тоа потврди дека се снима продолжение.
View this post on Instagram
Третата сезона треба да го опфати периодот пред Втората светска војна, а според некои претходни шпекулации, улогата на Јосип Броз Тито би ја имал Милош Биковиќ.
Првата сезона од серијата се снимаше од октомври 2016 до јуни 2017 година, а втората сезона беше снимена од 12 ноември 2018 до мај 2019 година.
Драган Бјелогрлиќ во серијата ја толкуваше главната улога на инспекторот Танет, а е и продуцент и режисер.
ФОТО: Инстаграм