Се снима филм за коронавирусот, ова се првите сцени ВИДЕО
Режисер е Мустафа Кашвари од Канада, кој во интервју за Би-Би-Си раскажа дека идејата за снимање на филмот му „светнала“ во јануари годинава кога светот за првпат слушна за коронавирусот.
„Корона: Стравот е вирус“ е името на првиот филм за пандемијата и тој веќе започна да се снима. Филмот ја раскажува приказната за седум луѓе кои се заглавуваат во лифт, а вистинскиот хаос се случува кога еден од нив почнува да кашла.
Режисер е Мустафа Кашвари од Канада, кој во интервју за Би-Би-Си раскажа дека идејата за снимање на филмот му „светнала“ во јануари годинава кога светот за првпат слушна за коронавирусот. Но, како што вели, тој тогаш не верувал дека ковид-19 ќе се претвори во светска пандемија.