Се снима филм во Скопје, оваа улица ќе биде затворена

921

Денеска и утре во периодот од 18.00 до 06.00 часот на ул.„1732“, во непосредна близина на хотел „Парк“ во Скопје, поради снимање на филм, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведената сообраќајница, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, се вели во соопштението на МВР.

„За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива најавеното снимање“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини